Дебата за Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје и права 2010-2020

0
387

Да се преземат тематски мерки со цел до крајот на 2020 година да се рестартира и искористи Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје 2010-2020 година, како и да се донесат Акциски план и буџет во кој ќе се вклучат невладините организации како имплементатори и систем за мониторинг и евалуација.

Ова денеска го побараа од Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници на презентацијата и јавната дебата „Влијанието на Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје 2010-2020 година кон унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и права на маргинализираните заедници“.

Драшко Костовски, програмски директор на ХЕРА-Асоцијација за здравствена едукација и истражување, рече дека мерките кои треба да се преземат опфаќаат воведување сеопфатно сексуално образование, обезбедување пристап до орална контрацепција, законот за абортус да се повлече во делот на рестриктивните мерки, обезбедување пристап до гинеколошки услуги на целата територија на Република Македонија и спроведување кампањи…

– После шест години се навративме да видиме колку Стратегијата е имплементирана особено во делот на маргинализираните заедници. Увидовме дека многу работи не се направени. Она што го правеше Владата и одговорните министерства во изминатиот период е против принципите, вредности и мерките на оваа Стратегија, рече Костовски.

Нагласи дека позитивниот момент е тоа што Министерството за здравство почнува да работи за развој на Акцискиот план за овој преостанат период од имплементацијата на Стратегијата и додаде дека очекуваат да ги видат мерките и дали за тоа ќе има буџет.

Сања Саздовска, национален координатор за репродуктивно здравје од Министерството за здравство, рече дека во проценката на постоечката Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје биле применети начелата на човекови права и родова еднаквост за да се оцени ефектот на политиките, програмите, проектите врз родовата еднаквост, јакнење на жените и човековите права.

– Маргинализираните групи често се предмет на повеќе форми на дискриминација и важно е да се разбере како тие форми се испресекуваат и им негираат тие права. Се направи Акциски план до 2020 година за сексуално и репродуктивно здравје. Сакаме овој Акциски план да биде оперативен, кој ќе биде во согласност со целите за одржлив развој и сите други интервенции кои се потребни за да профункционира. Крајната цел е тој да биде остварлив и одржлив и Стратегијата да не биде заборавена, додаде Саздовска.133671101