Движење Беса: ДУИ нема морален и политички капацитет да донесува одлуки

0
1545

По последната изјава на ДУИ дека нема заземено став за учество во владата која можеше да ја формира мандатарот Никола Груевски, Централното претседателство на движењето Беса – по консултациите на вчерашната средба – изјавува дека со оваа ситуација се појавија три работи кои се многу важни за јавноста:

„Прво- конечно самата ДУИ сведочеше дека т.н. принцип „победникот формира влада со победникот” беше само алиби за безусловно споделување на власта со Груевски.
Второ- по јавниот став на ВМРО-ДПМНЕ дека не ја прифаќа заедничката Декларација на Албанските партии во Македонија (која се постигна со асистенција на Тирана и Приштина) и, покрај тоа, отпочнувањето на преговорите од страна на ДУИ со оваа партија, е прекршување на оваа декларација, со што уште еднаш се потврдува фактот дека оваа партија не е во состојба да почитува ниту едно заедничко залагање на Албанците. Тука се подметнува прашањето уште колку време и аргументи и требаат на ДУИ за да го разбере анти-албанскиот став на ВМРО?

Трето- немањето одлука од страна на оваа партија зборува и за недостатокот на политички капацитет на овој субјект да донесе било какви одлуки, ова како резултат на моралната и политичката криза на оваа партија“, стои во соопштението.

Поради оваа причина, се додава во соопштението, Движењето Беса смета дека демократскиот квалитет, донесен на сцена преку платформата Редефинирање, дава надеж дека во иднина албанскиот интерес ќе биде на сигурен пат.