Wednesday, May 14, 2025
8.7 C
Skopje

ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ НА ТЕРЕН ВО КАМПАЊА ПОД СЛОГАНОТ ,,ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ” ВО ПРИЛЕП И ДОЛНЕНИ – МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ : ВЕРУВАМ ВО ПОЛИТИКАТА ШТО ПРОИЗЛЕГУВА ОД ТЕРЕНОТ

Движење ЗНАМ – За наша Македонија – кампања „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“
Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим
Димитриевски,  заедно со членови на раководството на партијата беше во
посета на  општинските организации во Прилеп и Долнени, во рамките на
кампањата „Заедно повеќе знаеме“.

Пред челновите и симпатизерите на ЗНАМ  во Прилеп претседателот
Димитриевски рече дека нивната цел е да ги слушнат членовите,
симпатизерите и граѓаните за се она што ги мачи, за да може да се најде
решение.

„Прилеп е град со богата историја и силен дух, и јас сум среќен што се
среќавам со вас, членови и симпатизери на Движењето ЗНАМ – За наша
Македонија.

Отвореноста во разговорите за предизвиците со кои се

соочуваат граѓаните, како и за можностите што ги гледаат во една
поодговорна и почесна политика е она што сметаме дека е важно за да
имаме демократско и слободно општество. ЗНАМ е партија која сака да го
чуе гласот на народот“.

Димитриевски додаде дека е евидентно оти  растат како движење на
македонската политичка сцена.

„Секојдневно се приклучуваат нови луѓе кои веруваат во идејата за
праведна и достоинствена Македонија. Оваа енергија од теренот ни дава
сила и мотив повеќе за уште поголем ангажман и псоветеност во работата“.
Претеседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим
Димитриевски  се сретна и со општинското раководство, членовите и
симпатизерите на Движење ЗНАМ – За наша Македонија во општина Долнени.
Членовите на партијата и присутните граѓани ги изнесоа проблемите со кои
се соочуваат тие како жители, а особено ги нагласија оние во
инфраструктурата.

Исто така беше речено дека е потребна посилна

институционална поддршка во справувањето со проблемите.

„Верувам во политиката што произлегува од теренот – преку директни
разговори со граѓаните и соочување со реалноста. Благодарен сум за
топлиот прием и отвореноста на жителите на Долнени.

Продолжуваме да работиме посветено, со народот и за народ“, рече Димитриевски при

посетата на Долнени.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

НОВИОТ ХИБРИДЕН ФИАТ 500 СЕ ОЧЕКУВА КОН ЗАВРШЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Градското мини со благ хибриден погон ќе се произведува...

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ