Две Радмили Шукуроски им го матат умот на прилепчани

0
1170

Една млада жена на околу 30-ина години и една возрасна жена која е влезена во деветтата деценија од животот, препознавааат прилепчани, по веста дека извесна Радмила Шукуроска од Прилеп е носител на пратеничката листа во изборната единица број 5, од Социјалдемократската партија на Македонија како двојничка на носителката на листата на СДСМ во истата изборна единица, Радмила Шеќеринска.

Екипа на Сакам да кажам ги побара двете, но успеа да ја најде само постарата Шукуроска, која негира дека има нешто со листите на СДПМ, додека со младата Шукуроска се обиделе да стапат во контакт, но портите беа затворени, никој не се јави. Дополнително, нејзиниот профил на Фејсбук е деактивиран од вчера.

Фамилијата Шукуроски во Прилеп е многубројна. Познати варошани и најголем број од нив се членови или симпатизери на СДСМ, но никако на СДПМ.

(…)

„Ама какво членство во Социјалдемократска партија на Македонија. Не сум ја ни чула како партија. Јас немам никаква партиска активност. Си живеам сама, боледувам од едно, од друго… На моја возраст, што може да се очекува. Како би можело јас да бидам носител на пратеничка листа. Ех, што се не ќе чуе човек на денешно време. Ако ме пишале навистина срам да им е, на тие луѓе, немаат лице“, ни рече оваа возрасна жена.

А, во непосредна близина на баба Радмила, живее уште една нејзина помлада, но подалечна роднина Радмила, или како што ја викаат во маалото Рада Шукуроска. Таа има трисетина година, сопругот држи дуќан во чаршијата за продажба на резервни делови за бела техника. А, свекрвата работи во Општина Прилеп. Други што ја познаваат велат и дека таткото на оваа Радмила Шукуроска работи во прилепската полиција.

Граѓаните што ја познаваат велат дека е или член или симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што профилот на Фејсбук изобилуваше со објави од оваа партија.

Извор : САКАМДАКАЖАМ