Две Катиња на треселе Македонија

0
430

Синоќа после јубилејот на, за мене омилената, ТВ Алсат-М, со колеги (старо друштво) отидовме поноќно да дрндаме вуна у славното Сушико. Заглавивме, беше пријатно и забавно. Утрово се успав и негде околу 9 и 30 во бунило, по навика прво отварам лап топ и Либертас, се разбира, и има што да видам. Изненадување бар за мене пар екселанс, избран специјален обвинител, некоја Кате од Гевгелија.

Прво помислив, еј да не е шпекулација, ама не, знам пре ја, ако сум постар ќе направам такво нешто, отколку Јофе. Отворив и на другите, да, да, Кате од Гевгелија, за неа рака си дале Грујо и Зајко. Ок, фала богу, мрдна работата, и нели, нацијата влегува во нова фаза, која е Катето шо ќе требе да ја расчисти мафијава шо не навјасала.

Шо дознав, шо прочитав, жената си имала Си Ви, странски обуки, значи по нивни мерак е. Јасни ми беа реакциите и на двете страни, турање пепел на кавгите, и ветување дека нема да и се мешаат во работата. Чинам и да сакаат да и се мешаат, за неа поважни се експресните честитки од Вашингтон и Брисел, тие се за неа вистинската поддршка дека ќе има широк простор да дејствува, другото е на неа, колку ќе и стиска и колку ќе умее да ја искористи безрезервната поддршка од нив да ја пробуричка мафијава и што да не, да поапси шо треба да се апси.

Редно е и Македонија еднаш да почне да ги апси вистинските апаши на народните пари, не само овие сегашниве, туку и оние пред нив. Дека ќе исчисти се не верувам, ниту пак може, ама бар крупните риби, за да направи пат полесно да се дише и да биде опомена за другите што ќе дојдат на власт, дека во оваа држава се краде ама и се апси.

Целата колумна ОВДЕ