ДВЕ ДЕЦА ВО ПРИЛЕП ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА ОТКАКО ВО НИВ УДРИЛЕ СО АВТОМОБИЛИ

0
177

Во две одделни сообраќајни незгоди во Прилеп, вчера, малолетник и малолетничка завршиле со повреди, затоа што во нив удриле со автомобил. Девојчето било пеак, а момчето возело велозипед.

Според полицискиот билтен, во средата во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од ул.„Мице Козар“ со ул.„Никола Карев“ во Прилеп, патничко возило „мазда“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(38) од Прилеп, удрило во малолетен пешак од Прилеп, а потоа и во паркирано патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Истиот ден, било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(59) од Прилеп и велосипед управуван од малолетник од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.