ДВА КОНГРЕСИ НА АЛИЈАНСА ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ВИКЕНДОВ : ЕДНИОТ НА ТАРАВАРИ, ДРУГИОТ НА СЕЛА

0
258

Сопартијците на Арбен Таравари во Алијанса за Албанците кои застанаа зад него за утре во 19 часот во хотелот „Александар палас“ закажаа вонреден конгрес на партијата. Веста ја потврди пратеникот Халил Снопче. „Врз основа на член 31, точка 1, од Статутот на Алијансата за Албанците, претседателот на партијата д-р Арбен Таравари повика на вонреден конгрес утре, петок, 16 февруари 2024. Промената започна!“,напиша тој на Фејсбук.

Министерот за правда, Кренар Лога, пак, кој пак застана зад крилото на Зијадин Села, кој е претседател на Централното собрание на Алијанса за Албанците на својот Фејбук профил објави дека конгресот на Алијанса за Албанците е закажан да се одржи во недела во 13 часот во Националната опера и балет во Скопје и дека секоја друга информација се смета за шпекулација.

„Во недела се одржува 4. конгрес на Алијанса за Албанците. Нема промена на датум и локација. Добредојдовте во нашиот дом! Секоја друга информација која кружи освен оваа официјална информација е лажна и обид за измама и дефокусирање на членството“ напиша Лога.Оттаму за утре во 13 часот во канцелариите на Алијансата за Албанците во Тетово, најавија и прес-конференција за медиумите, на која, според соопштението, ќе бидат објавени детали за последните случувања во партијата.