ДВА И ПОЛ МИЛИОНА ЕВРА ЌЕ ПЛАТИМЕ ЗА СУДСКИТЕ МЕСТЕНКИ НА ГРУЕВЦИ: Владата ќе им исплати по 5.500 денари за секој ден поминат во затвор ќе добијат осудените во „Сопот“

0
1411

Владата вчера на седница донесе одлука да ги обештети единаесетте лица кои беа осудени во случајот „Сопот“, а за кои СЈО лани ги повлече сите обвиненија против нив по што тие беа ослободени. Тие ќе добијат по 5.500 денари за секој ден поминат во затвор или притвор.

„Владата даде согласност и го задолжи Државното правобранителство на Република Македонија да склучи судско порамнување пред Основниот суд Скопје 2 Скопје за овој случај, по тужба на тужителите, сите од село Сопот, Куманово, за исплата на надомест на штета на лица поради неоправдана осуда за секој ден поминат во притвор, домашен притвор или затвор по 5.500 денари и да ги надомести трошоците во постапка на тужителите во висина утврдена од страна на судот“, соопштија од Владата.

Обвинетите во „Сопот“ беа ослободени во март минатата година и беа прогласени за невини. Два месеца подоцна осудениците и официјално од Министерството за правда побараа отштета од 150 милиони денари или 2,5 милиони евра. Тие беа осудени дека во 2003 година поставиле мина на пат во Сопот која експлодирала, при што загинаа војници на НАТО.

Тие беа осудени за тероризам во март 2010 година на вкупно 150 години затвор. Во меѓувреме едниот од осудените почина.