До редакцијата на Народен Глас пристигна допис по мејл во кој се вели дека поради дефект на амбулантно возило денес две лица починале на патот за Скопје и ургентен центар.
“Два пациенти од Крива Паланка, денес се пратени со возило на брза помош од Крива Паланка за Скопје.
По пат комбето останало дефект, додека се чекало да се отстрани дефектот на скопската патарина и двајцата пациенти умираат и не успеваат да стасаат до Ургентен центар во Скопје.
Жално, ама тоа е реалноста за македонското здравство”, се вели во мејлот испратен до нашата редакција.