Wednesday, April 23, 2025
9.8 C
Skopje

ДВАЈЦА ОД НАСТРАДАНИТЕ ОД КОЧАНИ КОИ СЕ ВО БЕЛГРАД СЕ НА МЕХАНИЧКА ВЕНТИЛАЦИЈА

Седумнаесет лица повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од кои две се на механичка вентилација, а двајца се оперирани, изјави др Милан Стоичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС, јави дописникот на МИА од Белград.
Стоичиќ нагласи дека пациентите се во добра состојба и постоперативно е без проблеми.

-Нивниот постоперативен тек се одвива без проблеми. Наредната недела веројатно ќе бидат оперирани уште пет-шест пациенти. Имам и добри вести, неколку пациенти веројатно ќе можат да бидат префрлени на одделение бидејќи успешно се опоравува нивната респираторна функција, а раните од изгорениците се такви што не бараат престој на одделението за Интензивна нега, изјави тој за РТС.

Тој наведе дека кај пациенти кои веќе се оперирани, процедурата опфаќа отстранување на девитализирано ткиво и покривање со автотрансплантација, што значи дека нивна сопствена кожа се зема од други региони и се пресадува на изгорените места.

На еден пациент ќе му биде извршена нова операција за околу пет денови (на другата рака).

Според него, за оние на кои им претстои операција, нема да бидат потребни донатори на кожа.

Што се однесува до опоравувањето на оние кои биле оперирани, Стојичиќ истакна дека конечниот резултат обично се забележува за 14 дена, а потоа следи фаза на опоравување со помош на физикална медицина.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВИСОКО НИВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски,...

ЉУТКОВ ЗА ТВ СИТЕЛ НАЈАВИ УТРЕ ДО 16 ЧАСОТ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева...

ХАРВАРД ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ