Monday, December 2, 2024
5.8 C
Skopje

ДВАЈЦА ЗАТВОРЕНИЦИ ДЕЛАТ ИСТ КРЕВЕТ ВО „ИДРИЗОВО“- КОГА ЕДНИОТ СПИЕ, ДРУГИОТ СЕДИ БУДЕН – ЗИБЕРИ СЕ ШОКИРАЛ ОД БЕДНИТЕ УСЛОВИ ВО ЗАТВОРИТЕ

Има ќелии за затвореници од само 1 метар кубен простор, има ќелии каде еден кревет го делат двајца затвореници, имаме дел од затворениците кои спијат по ходниците, имаме ќелии каде 50 затвореници користат еден тоалет, изјави народниот правобранител Насер Зибери.Народниот правобранител Насер Зибери, алармира на лошите услови во кои живеат затворениците во затворот „Идризово“.

– Поради пренатрупаност во затворот Идризово, додека еден спие другиот треба да седи буден и да чека ред бидејќи креветот го делат двајца затвореници – изјави Зибери во Дејли Клик на ТВ21.Како што вели, состојбата е алармантна, а условите се бедни и нечовечни.

– Има ќелии за затвореници од само 1 метар кубен простор, има ќелии каде еден кревет го делат двајца затвореници, имаме дел од затворениците кои спијат по ходниците, имаме ќелии каде 50 затвореници користат еден тоалет – изјави Зибери.

 За хигиена, вели Зибери, не може да стане ни збор „кога еден затвореник спие, а другиот седи буден и откако ќе се разбуди другиот, може да спие тој бидејќи делат ист кревет, или кревет што е ставен во ходникот на бетон, или нема топла вода и греење итн“.Тој го смета и за загрижувачки фактот што околу 80% од 17 затвори колку што ги има во земјава, нема лекар психијатар, општ лекар и нема процес на ресоцијализација.Зибери вели дека земјава треба да преземе итно мерки за подобрување на условите во правец на проширување на капацитетите, за здравствена грижа но и за проширување на човечките капацитети и за администрацијата.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ