Обвинителството во јули годинава поднесе обвинение со кој Љ.К. го товареше дека на свиреп начин, при вршење семејно насилство, на 14 мај со умисла ги лишил од живот сопствениот брад и снаата за другиот брат со кои имале претходно нарушени односи.
-Казна затвор од дваесет години денеска му беше изречена на Љ.К. од скопското село Стајковци кој во мај годинава ги лишил од живот сопствениот брат и снаата од другиот брат. Првостепената пресуда денеска беше изречена во Основниот кривичен суд Скопје, соопштија од Јавното обвинителство.
Обвинителството во јули годинава поднесе обвинение со кој Љ.К. го товареше дека на свиреп начин, при вршење семејно насилство, на 14 мај со умисла ги лишил од живот сопствениот брад и снаата за другиот брат со кои имале претходно нарушени односи. По вербална расправија, тој со метална шипка која ја носел со себе започнал најпрво да ја удира жената, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди од кои таа веднаш починала. Потоа од братот побарал да му даде клуч од гаражата, па кога тој одбил, исто така го удрил со шипката повеќе пати во главата, нанесувајќи му смртоносни повреди.