Да требаше партиски митинг, за еден ден ќе превезеа и три пати повеќе отколку што има мигранти на границата

0
1281

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски во весникот Вест:

goran-mihajlovski

Цел свет ги виде сликите од хуманитарната криза што се појави на јужната граница, еден ден откако беше прогласена кризна состојба и беше затворена границата за бегалците. Рекоа дека имало наплив од 3.000 мигранти и дека државата нема доволно вагони за безбедно да ги пренесе до Србија.

Дека не можат да организираат транспорт за толку луѓе, не ми се верува. И дека толку луѓе не можат да ги попишат во кус рок за да ги евидентираат на влез во земјата – и тоа не ми се верува. Сепак на власт е партија којашто покажала исклучителни организациски способности и со тоа се гордее. Да требаше партиски митинг, дури и спонтано да го организираат, за еден ден ќе превезеа и три пати повеќе партиски активисти отколку што има мигранти на границата. Ни вонредни возови ќе беа проблем, ни автобуси ќе беа проблем. И не само што ќе ги превезеа. Туку и прецизно ќе ги евидентираа кој се качил во автобусите. Сосе роднини и пријатели и со вкрстена споредба кого од нив вработила партијата, а кому ветила дека ќе го вработи. И плус и сендвичи и вода ќе им дадеа.

Ама бегалците не се гласачи.

Целата колумна можете да ја прочитате на Вест на следниот линк.