Да не беа „шиптарите“, мед и млеко, бе!

0
1261

Ooо народе! Не реков стоко, се колнам. Не си ти крив што те дупи у мозак кој стигне. Велат ‘’коме је суџено да га јебу, њему гаќе саме падају‘‘! Чесно плати си го стиропорот, зачешлај се дента на избори, земи стара мајка под мишка  и оди да заокружиш бројче. И однесувај се – како бројче. Зошто веќе одамна и не си ништо друго. Само бројче. Види добро  у кој шешир со бројчиња си. Види у телефон каква ти е директивата, за да не утнеш па ударнички  ‘’Пљуни и запевај моја Македонијо’’,… ( парафраза Б.Дугме).  Со акалот што бог ти го дал, поточно со затекнатото, На 11 Декември точно ке си видиш на која страна се врти стрелката на компасот во државата. Кој азимут го фаќа бродот. Иако востановено, овој пат ПРЕСУДНО ке биде играњето на картата на ‘’Шиптарите’’.  Фала богу што ги има, иначе што ќе драпаше ВМРО? Ама овој пат нема назад, нит па ‘‘ пу пу шалили смо се’’. Умреа шиптарите со кои можеш да си играш курташак ( е, де, знам дека сум простак). Убаво е да си Шиптар у кампања меѓу македонци. Можеш да бараш се и сешто. И сите ке прифатат што ти душа сака до денот на избори, а после ке ти речат, ‘‘ а бе бев у продавница ама немало таква играчка‘‘. Боже драги кое ‘‘срање кроз густо грање’’.  И не само шиптарите, се живо што му лежи на душа може да бара и фиктивно да има се у руки, а фактички онакво поголемо! Битно е да му грее душа надежта дека дента после избори ке го огрее сонцето, а тој ке биде ‘’сречнији него икада у животу’’.

Да се отрезниме од сарказмот и ендорфинот на менталниот коитус и ај‘ да бидеме сериозни!

Земи народе подебел зид и акни си ја главата да се отрезниш дека ни македонецот ни албанецот не одлучува што ке се дешава со државава. Они одлучуваат само кои ке бидат нивните глумци  во филмот на играта на сенките по разни ‘’Пржина’’ и ‘’работни вечери за доброто на татковината’’.  Се останато е ‘’нек се народ игра демократије’’. Кој разбрал разбрал и тука завршува муабетот. Туку, да се вратиме кај шиптарите.  Никако не ги викајте ‘’албанците’’ да не ги навикнеш на убаво, па после кој ке ги трпи, нели.  Ни Латас не би се сложил со тоа, а и самите знаете дека ако Латас се наљути, сите го ебавме ежот. Ќе треба на вести од триесет  минути, дваесет и девет да го гледаме него како не убедуе у ‘’суштину живота у нашој улици’’.  Во Р. Македонија постои едно проклетство. Проклетството се вика како и да се свртиш, без Шиптарите не бива ни една комбинација. Ни еден есап не е комплетен без едниот ‘’икс’’ во равенката. Албанците во Македонија имаат и своја предност и свој хендикеп. Од една страна, реално гледано они се единствените кои во потполност и сесрдно го признаваат македонскиот јазик, култура, постоење и идентитет. Арно ама, у државава се како камче у патика и не можеш да трчаш маратон.  А, што е најстрашно, и они си имаат една песна ‘’ има уште два три дела па да биде цела’’! Е, тука дојдовме до главната поента!

 Како два народа кои имаат песна ‘’ има уште два три дела, па да биде цела’’ да градат држава?

Едноставно! Во време во кое интернетот информира, Светот ( читај Кале) командува, Ватикан благослови, Ориентот точи гориво, Русинот пие вотка на екс, формулата е толку проста што треба да бидеш талентирано глуп за да не сватиш. Решението е во ‘’ чување грб еден на друг’’ во шума преполна волци. Да,.. ама!  Чудна шума је то – имаше една песна од легендарната YU – група седумдесетите години. Една стара мудрост вели дека ако сакаш да бидеш жив после смртта,  не биди мртов додека си жив. Ке ја биде ли Македонија? Да! Ама под услов да не умираме и не се убиваме додека ја има и додека сме живи во неа. Само жив можеш да градиш куѓа нели. Е ајде да ја изградиме. Како? Засега и досега, ако тргнеме по онаа ‘’мме кој прв почна’’, ете оној за многумина сељак од струмичко се дрзна прв да очне и да  фрли камен на темелот на нова, современа Р. Македонија во која граѓаниот е граѓанин, па нека се вика како и да му турил име кумот коа се веселеле. Што тресам? Еве што!

Синтагмата ‘’ аман овие шиптарите’’ мора да замине во историја еднаш за навек.

Што е гревот на Заев? Што е ‘’муж’’ !? ВМРО е судија?!? Кој е ВМРО?  Македонија? Не! Само дел од граѓаните кои припаѓаат на една политичка опција. Врвот на ВМРО? Кое? Историското? Па тие од вистинсото го пишале манифестот пред востанието во Крушево. Таму нешто друго пишува. Ова денес е политичка партија. Не е ни господ ни судија. Е, фала богу што имаат шиптари. Да не беа тие да преставуваат вечит “excuse”  до сега ке се сопнаа на сопствените опашки на лажна инсталираност на стварноста. Во двата табора се најдоа одлични играчи кои профитираат на сметка на удицата која народот перманентно ја голта дека оној другиот му е виновен за се. Да не беше таа формула профитабилна за сите страни вклучувајки ја и меѓународната заедница, до сега сто пати Македонија ке беше асална држава. И сега, кога некој се дрзнува да каже ‘’ а бе доста се праиме будали ‘’ ( читај Заев) сите рипнаа на ноги и вриштат ‘’ оооп кочиии’’! Што кочи бе!

Овие избори треба дефинитивно да ја дадат сликата на терен како стоиме со расположението да живееме или не живееме заедно. Колку и да е радикално ова изнесување, едноставноста на формулацијата произлегува од поентата дали има или нема расположение за граѓански концепт на државата. Никој не може да го одземе идентитетот, културата, јазикот, традицијата и духот на македонскиот народ. Ниту пак на албанците. Кој е крив што сме затекнати на ист географски зацртан со меѓународно признати граници остров. Та, ало, ВМРО, тој остров не се вика ‘’Шиптарија’’! Си се вика Македонија и така ке се вика додека постои светот. Арно ама! Тука е финтата. У таа земја се родени и едните и другите. И ај сеа! Кој е тука дома! Вујна ти! Престани да го плашиш народот со шиптарите како жив ѓавол да се. Тие ти се единствениот спас. А тоа не само сегашноста што го покажува, туку иднината само ке ја запечати. Како вели народот, ако имаш мака на полноќ, комшијата ти е поблизок од роднината. Додека ти стигне брат ти од туѓина ( оној што дава 10 долари да се стори Македонија ‘’ок’’), комшијата сто пати ке ти даде чаша вода и ке ти даде постела да се засолниш од невремето.

Алооо ВМРО! Имаше 9 години да го решиш тоа и да владееш вечно! НЕ САКАШЕ!

Граѓанскиот концепт на оваа држава е единствената историски не погубна формула. Не само од историолошки бенефит, туку од сите аспекти на секојдневието во кое треба и мора да владее разумот, квалитетот на поединецот, предприемништвото и развојот на социјалната грижа за поединецот. Во која бариерите за нормално функционирање на апаратот ке се оперираат од баналности кои не само што се контрапродуктивни, туку и опасни со мултиплекс последици. Но, Балкан е тоа! Да, Балкан е, ама ние сме божем луѓе кои се декларираме како писмени. Уствари стапои поголеми! Отидоа писмените надвор. Е, па добро е барем ви ги оставија шиптарите како добро оправдување. Кампањата на ВМРО повторно во својот вокабулар од десет збора во девет го употребува зборот ‘’ ЌЕ’’. Е, тоа ‘’ќе’’ ни учука стварност во која наместо ние родителите да бидеме идоли на децата, тие ни станаа нам, затоа што храбро се пакуваа и сеуште се пакуваат. Знаеш кој им е последниот збор кога се разделуваат? Не!? Ја ке ти кажам.

Мрш бре све у пизду лепу материну! Отидов јас! Вие цркните коа немате памет!

Агим Јонуз