ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ ДА ПОМОГНЕМЕ – ДОДЕКА ДРУГИТЕ ДЕЦА АЗДИСУВААТ ПО СКАПИ ТЕЛЕФОНИ, СКАПИ ШОПИНЗИ И ЕКСКЛУЗИВНИ ПАТУВАЊА 12 ГОДИШНАТА ЛИНА ОД СКОПЈЕ СО СОЛЗИ ВО ОЧИТЕ РАСКАЖУВА КАКО ЗАЕДНО СО МАЈКАТА ОЛИВЕРА И БРАТОТ АЛЕКСАНДАР ПО ПОДРУМИ СПИЈААТ И МРЗНАТ НА МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ БЕЗ НИКАКВО ГРЕЕЊЕ И СТРУЈА!

0
4047

Оливера Митевска е родена и живее во Скопје. Иако, со многу турбуленции, падови и подеми,успева со поранешниот сопруг да создадат дом и семејство од две д
Нејзина најголема надеж се токму децата Александар и Лина. Денес,момчето има 19, а Лина 12 години. Никогаш, ќе рече Оливера не сум дозволила да им фали нешто на моите деца.

,, Сум спиела и по подруми само да го изградам овој дом” Но, пред неколку години,откако нејзиниот сопруг заминал во Германија се испишува поразлична историја во нивниот животен дневник.

Започнува да владее недоверба, семејно наси лство кое се случува пред очите на децата, кое освен тра уми кај сите ќе резултира и со развод помеѓу нив двајца.

Тешко минале годините од пандемијата, бидејќи Оливера е кувар а во изминативе години беа затворени сите ресторани и останала без работа.

Па, тие три години морала да се симне неколку скалила подолу и да ги моли социјални служби за храна. А, најтешкиот уда р го добива пред еден месец.

Кога како што вели таа, сопругот ја препишува куќата на мајка му, па после разводот по наредба од неа, и ја исклучиле струјата.

Денес, ова семејство живее во темнина,премрзнато и ра зочарано и моли за помош да се снајдат со покрив над глава макар зимава, додека не го изгубиле сосема здравјето.

– Овде дојдов во 1997 година, сум го кратела и секој денар само за да го изградам овој дом, имаше многу влага, вели Оливера пред камерите на ,,Срце на дланка”

– Откако ја средивме куќата тука, сопругот замина за Германија на работа, и од тогаш се смени се, започнаа проблемите, тој ме обви нуваше за се и сешто.

– Често велеше дека децата не се негови, тој се промени, тој човек сум го сакала повеќе од самиот себе си. Моментално живееме во темница, односно без струја сме.

– Тој ми ја исклучи струјата, а со самото исклучување не ми наште ти само на мене туку и на децата, раскажува Оливера со грутка на срцето.

– Земав кредит за куќата, но во корона времето останав без работа а со тоа и без примања, тој долг рипна на скоро 600.000 денари и сум дадена на извршител.

– Ќерката си ја мие косата со ладна вода, ова веќе не се издржува, се води спор за куќата, куќата не се води на наше име, куќата е префрлена на свекрвата, која ни ја исклучи струјата, вели Оливера.

– Многу е тешко да се живее без струја, сега доаѓа зимно време и е многу ладно. Последниот пат немав со што да си ја исушам косата.

Па така добив температура, не би седела тука, искрено би си отишла, мислам дека на друго место би живеела подобро вели малата Лина.

– Барам помош од хуманите луѓе или надлежните да ми излегнав во пресрет, да обезбидме струја, агрегат некој или да одиме под кирија, бидејќи ако остане вака децата ќе се разбо лат сериозно.

Доколку саката да и помогнете на ова семејство на било каков начин тоа може да го направите на телефонскиот број 077 584 083 или на трансакциската сметка 2707000712923.30 Лина Митевска.