Ова е чичко Златко – Златко Ванцов, 100% инвалид поради шеќер, му е ампутирана левата нога.
Седи пред скалите кај Кит Го во Кисела Вода, цела зима е на отворено. Порано спиеше во салата Расадник, но поради реновирање, „тој кров над глава“ што го имаше сега го нема!
Чичко Златко моли за помош, не бара пари, туку медицински третман и згрижување во некоја од институциите!