Лидија Ристевска боледува од прогресивна мултиплекс склероза со сериозни симптоми – попреченост во моториката, тешкотии при дишење и голтање.
Таа итно мора да се лекува во Русија со трансплатација на матични клетки. Третманот е еднократен и чини 37.000 евра, а ѝ недостигаат уште 22.000 евра за да може да замине следниот месец на третман. Доколку итно не започне со лекување, на Лидија ѝ се заканува целосна парализа.
Отворете го срцето и донирајте средства за Лидија ќе значат шанса за живот.