Maкедонскиот атлетичар, Дарио Ивановски на денешниот маратон во Севиља постави нов национален рекорд со време од 2.08.25, сепак тоа не беше доволно да обезбеди норма за Летните олимписки игри. Ивановски заостана само 15 секунди во трката за олимписката норма, меѓутоа неговиот рекорд секако останува запишан.
Претходниот рекорд исто така беше во сопственост на Ивановски кој во Валенсија на 3-ти декември трката ја заврши за време од 02.11.53.Со резултатот во Севиља, Ивановски обезбеди норма за настап на Европското првенство на кое Рим ќе биде домаќин во јуни 2024 година.