ДАНСКАТА ПРЕМИЕРКА НАПАДНАТА НА ПЛОШТАД ВО КОПЕНХАГЕН

0
124

Според сведоци, маж ѝ пришол од спротивна насока и ја турнал силно по рамето, по што таа за малку не паднала. – Данската премиерка Мете Фредериксен.

(Фото: Политик.де)

Данската премиерка Мете Фредериксен е „шокирана“ откако синоќа беше нападната на плоштад во центарот на Копенхаген, соопштија од нејзиниот кабинет. Маж ѝ се приближил и ја удрил, по што е уапсен.

„Премиерката Мете Фредериксен беше удрена во петокот вечер на Култорвет во Копенхаген од маж кој потоа е уапсен. Премиерката е шокирана од инцидентот“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерка, без да се откриваат детали.

Полицијата, исто така, не откри детали за нападот.

Нема коментар за мотивите на напаѓачот засега.

Според сведоци, маж ѝ пришол од спротивна насока и ја турнал силно по рамето, по што таа за малку не паднала.

Нападот се случи два дена пред изборите во Данска за Европскиот парламент.