Thursday, December 5, 2024
4.8 C
Skopje

ДАНЕЛА СЕ ГРЕЕ ВО РИО, ДОДЕКА СКОПЈАНИ МРЗНАТ НА АВТОБУСКИТЕ

Скриената природа на ова патување отвори многу прашања: Дали ваквите семинари се приоритет, кога градот тоне во хаос? Зошто нема отчетност и информирање на јавноста за причините и целите на ваквите патувања?

Градоначалничката Арсовска, во периодот од 14 до 17 ноември, учествувала на семинар организиран од Конгресот на Советот на Европа, каде била еден од говорниците за теми поврзани со климатските промени и човековите права. Oваа посета не беше ниту објавена, ниту транспарентно најавена од Град Скопје или од Арсовска на нејзините официјални профили.

Скриената природа на ова патување отвори многу прашања: Дали ваквите семинари се приоритет, кога градот тоне во хаос? Зошто нема отчетност и информирање на јавноста за причините и целите на ваквите патувања?
Која е агендата на Арсовска на Г-20?

Градоначалници од целиот свет се собраа на состанок на „Urban 20“ во рамките на Г-20 во Рио де Жанеиро, Бразил, од 14 до 17 ноември 2024 година. Под водство на градоначалничката на Париз, Ан Идалго, и градоначалникот на Рио, Едуардо Паеш, градоначалници од сите континенти презентираа решенија за да помогнат меѓународните и националните институции да постигнат социјална инклузија, борба против гладот и сиромаштијата, одржлив развој и реформирање на глобалното управување.

Конгресот на Советот на Европа, претставуван од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и генералниот секретар на Конгресот, Матиј Морис, ја претстави позицијата на Советот на Европа и неговиот Конгрес за исполнување на оваа глобална агенда.

Во текот на билатералните средби и говори, градоначалничката Арсовска ја нагласила важноста на пристапот заснован на човекови права за постигнување вистинска климатска правда. – Усвојувањето на пристап заснован на човекови права за заштита на животната средина, одржлив развој и обезбедување на отпорен и одржлив екосистем е наша заедничка одговорност кон идните генерации – рекла Арсовска во Бразил.

Организиран од Обединети градови и локални власти (UCLG), C40 и домаќинот настан, Urban 20 ги собира градоначалниците на главните градови на Г20 за да ги информираат дискусиите на националните лидери и да обезбедат платформа за градовите да придонесат во преговорите на Г20.

За време на посетата на Арсовска во Бразил, во Скопје автобусите на ЈСП за време на викендот сообраќаа со значително намален капацитет поради недостиг од нафта. Многу граѓани, на минусни температури, останаа на станиците со часови. Проблемот стана уште посериозен во текот на вчерашниот ден, кога низ градот возеа околу 30 автобуси.

Утрово исто така само возилата на ЈСП кои користат гас беа во функција, а нивниот број е 26 и уште неколку во кои имало малку нафта. Поради тоа средношколците и студентите не можеа да стигнат навреме до своите училишта и факултети. Работници не успеаја да стигнат на своите работни места, а сообраќајниот хаос дополнително се зголеми поради пренатрупаноста со автомобили.

Наместо решение, Арсовска ги игнорира проблемите

За градоначалничката Арсовска стана навика да биде далеку од проблемите на граѓаните. Наместо да се соочи со секојдневните предизвици на градот, таа избира да присуствува на меѓународни настани кои малку или воопшто не се поврзани со итните проблеми на Скопје.

Граѓаните со право бараат одговорност и решенија: Како е возможно да се зборува за климатски промени, кога самиот град е нефункционален и загаден? Но засега молк од Арсовска како ќе се решат проблемите со јавниот превоз и каква одговорност ќе се преземе. Градските служби единствено објавуваат соопштенија во кои го вперуваат прстот кон други виновници.

Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да се расправа за нефункционирањето на јавниот превоз во Скопје. Автобусите на ЈСП престанаа да возат поради недостиг на гориво и Скопје остана без јавен превоз.

„Нефункционирањето на јавните претпријатија во надлежност на Градот Скопје, задолжени да обезбедуваат витални услуги за граѓаните, достигна кулминација. Советот на Град Скопје на 21 ноември, ќе одржи итна вонредна седница со почеток во 18 часот.

Советот, во рамките на своите надлежности, е подготвен низ конструктивна расправа да усвои заклучоци со кои ќе побара од надлежните, пред сè од градоначалникот Арсовска и директорите, итно да го нормализираат јавниот превоз на територијата на Скопје и да го подигнат нивото на хигиена“, објави Славески на социјалните мрежи.

Владата се вклучува во проблемот со ЈСП Скопје

Владата денеска планира итни мерки за надминување на кризата со јавниот превоз во Скопје, која настана поради недостиг на гориво во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). Според извори од Владата, во 14 часот ќе се одржи итна седница на која ќе се разгледува опцијата за позајмување гориво од државните резерви.

Целта на оваа мерка е да се обезбеди непречено функционирање на јавниот превоз во наредниот период, додека не се решат проблемите со набавката на гориво за потребите на градот и ЈСП. Оваа состојба предизвика значителни проблеми за граѓаните, кои изминатите денови се соочија со откажани линии, доцнења и ограничена достапност на автобусите.

Очекувањата се дека со интервенцијата на Владата, ќе се најде привремено решение додека траат напорите за обезбедување долгорочна стабилност во јавниот транспорт. Деталите за конкретните мерки и исходот од седницата ќе бидат соопштени по нејзиното завршување.

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

ОВА Е НАЈМОЌНИОТ ТЕЛЕФОН НА XIAOMI

Xiaomi се подготвува официјално да го претстави новиот модел...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ