ДАНЕЛА НЕ САМО ШТО Е НЕСПОСОБНА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ТУКУ СЕ ПОСРАМОТИ И СО ТОА ШТО ГИ ДИСКРИМИНИРА И НЕ ИМ ДОЗВОЛУВА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВЛЕЗ СО СЕРВИС КУЧЕ! КАКОВ СРАМ, КАКОВ БЛАМ!

0
1035
Скандалозен и дискирминирачки е вчерашниот настан каде во автобус на ЈСП Скопје му бил забранет влез на лице со попреченост кое било придружувано од неговото сервис куче.
Тоа е спротивно на Уставот, на законите и на Конвенцијата на Обединетите нации за права на лицата со хендикеп и СДСМ го осудува.
Во изминатите четири години и на локално и на централно ниво СДСМ реализира низа мерки и политики за унапредување на статусот на лицата со попреченост.
Се намали границата за лична асистенција за лицата со попреченост, со цел овие лица полесно да ги извршуваат секојдневните обврски и да бидат активно вклучени во секојдневниот живот, се изработи аудио читач за лицата со оштетен вид, се градат инклузивни градинки а многу објекти на институции станаа подостапни за лица со телесен инвалидитет.
Од друга старана, ваквите дискриминаторски потези на ЈСП, Град Скопје и Арсовска не се во насока на унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост, туку враќање чекори назад.
Очекуваме одговорност за ова срамна и дискриминирачка постапка, реагураат од владејачката СДСМ.