ДАНЕЛА АРСОВСКА ЈА ПРЕЗЕМА ,,НОВА АЛТЕРНАТИВА” НА ОРОВЧАНЕЦ

0
387

Данела Арсовска утре ќе биде избрана за претседателка на партијата „Нова алтернатива“, на утрешната конвенцијата најавена од партијата, која во 2008 година беше формирана од Ѓорги Оровчанец и која оттогаш е во коалиција со СДСМ.

Арсовска пред две недели потврди дека заедно со нејзиниот човек од сенка Драган Митковски ќе ја формираат партијата Правда, но денеска таа обзнани дека наместо да формира партија, за која не може да ги собере потребните потписи, ја презема Нова алтернатива.

Досегашниот претседател на коалициониот партнер на СДСМ Ѓорѓи Оровчанец дека си дал неотповиклива оставка и дека за тоа што се случува внатре во партијата никој не го информирал.

– Јас веќе три месеци сум на боледување. За тоа што се случува во партијата никој не ме информирал и си дадов оставка од претседателското место. Ниту некој ме консултирал дали да биде Арсовска претседател, ниту ме запознале, изјавил Оровчанец за „Фокус“.