Дали херојството на Владимир Ѓорчев ќе го направи нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ?

0
896

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев беше единствениот што храбро застана во пеколната ноќ во четвртокот за да ги одбрани колегите од СДСМ и ДУИ. Снимките на кои Ѓорчев ги креваше рацете и ги молеше луѓето да престанат да напаѓаат, а другите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ отвораа врати за маскираните со фантомки и се поздравуваа со нив го обиколија светот, но по се изгледа и создадоа нова слика за пратеникот. Владимир Ѓорчев испадна херој во очите на јавноста, но покажа и една човечка страна.

Почит на пратеникот Влатко Ѓорчев зошто стоеше рамо до рамо со пратениците од СДСМ и ДУИ му изрази и лидерот на СДСМ, Зоран Заев и уште неколку пратеници на партијата.

Дипломатски извори за А1он велат дека според нив би било подобро за партијата доколку Владимир Ѓорчев би ја водел ВМРО-ДПМНЕ. Неговата заштита на пратениците покажува повисока свест потребна да се демократизира десницата.

Извори за А1он коментираат дека има уште двајца во партијата кои ги гледаат како нови лидери. Едниот е Никола Тодоров кој исто застана во одбрана на пратениците, а вториот Никола Поповски. Најголеми шанси во моментов му се даваат на Владимир Ѓорчев, иако до пред два месеци тоа беше Никола Поповски.

Во однос на сегашниот лидер Никола Груевски се наведува дека нема да може уште долго да ја води партијата. Доколку сепак остане на лидерската позиција се прогнозира нејзино пропаѓање и појава на нова партија во десницата.

Ваквото расположение веќе владее и кај дел во членството на партијата, кое веќе во Владимир Ѓорчев или Никола Тодоров го гледа новиот лидер. Во партијата исто се спомнува и името на Никола Поповски како нов лидер, кој би бил решение на Груевски. За ова се воделе и поединечни разговори во партијата, зошто на сите им било јасно дека ВМРО-ДПМНЕ колку и да се противи, ќе оди во опозиција.