ГУСКА ГО СПАСУВА УЛИЧНОТО КУЧЕНЦЕ ДА НЕ ЗАМРЗНЕ ЗАГРЕВАЈЌИ ГО ПОД СВОИТЕ КРИЛЈА

0
342

Емпатијата е човечка особина која нè тера да ја разбереме болката што ја чувствуваат другите, наоѓајќи начин да помогнеме. Сепак, и покрај нашата способност за емпатија, луѓето многу често само ги затвораат очите и не одлучуваат да помогнат. Животните чувствуваат емпатија исто како и луѓето. Тие се соживуваат едни со други, но и со луѓето, па дури и со другите животни. Тие се невини и имаат чисто срце.

Оваа гуска која го спаси кученцето да не замрзне поради студеното време е совршен пример за емпатија. Погледнете ги фотографиите од гуската која го прегрнува кученцето со своите крилја, и нека бидат пример и потсетник за фактот дека секогаш треба да избереме да им помагаме на другите. На овие слики, можеме да видиме дека гуската дури и го користи клунот за да го гали кученцето и му создава услови да се наспие удобно под топлите крилја.