Гусарската и директорската фамилија во Крива Паланка продаваат лажен патриотизам за свое лично богатење

0
558

Дека незадоволството во владеачката ВМРО ДПМНЕ кулминира и достигнува огромни размери говорат  се почестите примери  каде јавно и се гласно  се искажува  револт и несогласување со поделбата на пленот од  9 годишното владеење или 9 годишното користење на власта како што милуваат да речат  членовите на ВМРО ДПМНЕ.

До нашата редакција се почесто стигаат отворените јавни негодувања и жалби кои било преку писмо до нас или преку градски муабети се шират во Крива Паланка.
11330003_928595193859133_2386088729656380109_n

Понесени од новинарскиот инстинкт, решивме малку подлабоко да истражиме и да влеземе во срцевината на овој горлив проблем што го имаат членовите на владеачката партија во овој град.

Она до што дојдовме како резултат е јавно позната работа на сите во градот, но еве во име на вистината и транспарентноста, би сакале  малку и пошироко да дообјасниме и фрлиме поглед на проблемот од една друга перспектива.
За што конкретно станува збор? Веројатно и пред ние да ви кажеме, сосема ви е јасно, односно сите сте запознаени за директорските и профитерски фамилии во Крива Паланка кои длабоко и прилично тешко профитираа финансиски, материјално и по однос на моќ и позиции од 9 годишното владеење на ВМРО ДПМНЕ.
Мала сенка или неуспех во тоталното узурпирање на власта и привилегиите кои произлегуваат од неа фрла фактот дека една од директорските фамилии не успеа во обидот да му најдат женичка на синчето, но, за тоа потоа, има време. Најверојатно мама ќе среди. Впрочем и срцката од една соседна помала општина не е веќе врзана за постариот господин кои користејќи ја поранешната функција како прв човек на таа општина милуваше да купи и по некое теренско возило плус во име на љубовта. Со дигање на понудата од летување во Охрид на некое од поатрактивните летни дестинации се надеваме дека и овој проблем ќе се реши.  Но, ајде да се вратиме на темата 🙂 Веруваме ние дека мама ќе најде нешто свежо за синчето во мерцедес.

Ај сега да почнеме од ред. Првата директорска фамилија ( со синче за женење) беше предмет на наша анализа во еден друг текст, ситуацијата од тогаш до сега е видоизменета во возниот парк плус минус некоја привилегија за зетчето. Околу возниот парк,  маминото синче инаку администрациски буџетар и замислено советниче доби мерцедес по теркот на Премиерот во вредност од преку 20 000 евра а мама и тато добија џип од преку 15000 евра, со зетот работата е на пат, а даде се вработи во банка првиот ден по дипломирањето. Важно е да се напомене дека оваа  директорска фамилија важи за една од најголемите профитериски фамилии со длабок криминал позади своето име, најдлабоко и директно вмешана во криминалните активности со штампање на решенија за туѓа нега на болни и изнемоштени лица за време на локалните избори, со учество во поткуп на изборите и најразлични начини на злоупотреба на функциите и ингеренциите кои произлегуваат од установите со кои раководат. Тука важно е да се напомене дека овие  криминали  немаат рок на застарување и секако после прва промена на власт најверојатно ќе бидат третирани со посебно внимание.

Втората профитерска фамилија,  онаа која во духот на скромноста и солидаризирањето со просечниот вмровец кој е бос, гладен и на 4000 денари месечна пракса хипнотизиран со лажни ветувања за подобро утре и решение за работа, напукан со омраза за комуњарите што му се вечно криви за неговата сиромаштија и несреќен живот, вешто ги крие своите финансиски моќ и имоти, е познатата гусарска фамилија. По профитерството и користењето на моќтта на власта можат слободно да конкурираат на директорската фамилија. Еве малку и за нивното бркање во медот на власта.
Се почна со советничкото место на дотичниот паланечки хулиган и вечно недораснатото дете кое повеќе милува да омаловажува и шири говор на омраза по социјалните мрежи отколку да работи тоа за што е дебело платен. И тука како и кај директорската фамилија на привилегиите и собирањето на медот од власта им нема крај. Ако мислевте дека овој момчак ќе застане на советничкото место, дебело сте се излажале. Наредна станица е една од институциите во Скопје, близу Народна Банка. Неофицијално се дознава дека стигнал до едно од раководните места со плата близу 1200 евра ! На амбициите на овој паланечки скромен дечко им нема крај. Бргу по средувањето на неговото животно работно прашање следеше вработување на братчето, инаку познат дегенерик во градот со никакви манири, љубител на алкохол и однесување на неиживеано несоцијализирано и во најмала рака благоречено некултурно 13 годишно дете во стиропорната Влада. Набргу по братчето следуваше мама, за неа обезбедено е место во еден од центрите за кризи. Да не остане и тате подолу тој беше обезбеден со 3000 евра неповратен кредит за такси, кое никогаш не проработи. Работата не сопира тука. Момчакот со гусарски афинитети не запира. По принципот на вистински гусар болно зграбува се што може и неможе. Наредно на профитерското мени е огромно земјоделско земјиште кое го добива на концесија под сомнителни услови за кое добива огромни суми на субвенции. Толку е ? Епа не е ! Дечкото што продава морал, вредности .. вмровски патриотизми и љубов кон татковината не запира! Нареден е плац во Скопје! Огромна површина купена по 1евро за метар квадратен. За работата да биде поштосна, нели ко што би рекле цело е кога има се’ дечкото си ја вработил жената во државната агенција за хартии од вредност. Крај? Не не, има уште малку! Шлаг на торта. Член на одбор во Пелагонија! Дебели пари и од таму. Тоа е она со што ние како инфо располагаме, крајната сума или квантум на злоупотреби на власта и приграбување на сите привилегии за себе само може да се претпоставува.
Па сега се прашувате зошто толкава ароганција, нервоза и хистерија кај него во последно време по социјалните мрежи ? Се надевам дека текстот ви ги разнасни дилемите. Ако не, читнете погоре. Читнете и уверете се какви ненаситни профитери ја водат општинската организација на ВМРО  ДПМНЕ.
Толку сега за сега од овие 2 профитерски фамилии кои се жив пример како владеењето на ВМРО за некој е мајка а за некој маќеа.

Се надеваме дека со овој наш текст ќе допреме до разумот на просечниот паланечки вмровец кој или е на 4000 плата или е на приоритетна листа за пракса, дека раководството во нивната партија длабоко профитира на нивниот грб. Дека тие се само еден иснтрумент во нивните раце за реализација на болните амбиции за брзо богатење и стекнување со различни материјални богатства. Без никакви намери, нити пак сугестии за нивната партиска припадност само апелираме да се споредат со овие профитерски фамилии и да видат колку всушност на некого му значи таа власт и кој што од власта има. Да се споредат и видат што е тоа со што тие располагаат во однос на овие профитери. И вреди ли да се гине за добробитта на профитерско криминалните фамилии во градот.