Sunday, May 25, 2025
10.8 C
Skopje

Грујо ќе го моли за помош и папата: Груевски со комерцијален лет од Цирих допатувал во Ватикан!

Премиерот Груевски од денеска е во посета на Италија и Ватикан каде што допатува со комерцијален лет од  Цирих и има предвидено поголем број  активности и средба со папата Францис, а остатокот од делегацијата допатува вчера вечер со комерцијален лет во Скопје.

avion_2

Владиниот Лир Џет кој имаше технички проблеми е во Нирнберг каде се веќе пристигнати инспектори и пилоти од македонските институции и каде заедно со овластениот сервисер работат на утврдување на причините за дефектот и проверка на функционалноста на авионот, соопшти за Телма владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Владиниот Лирџет во кој бил премиерот Никола Груевски  и делегација која се враќала од Стразбур вчера попладне принудно слетал во Цирих. Според информациите на портаролот Ѓорѓиев, присутните во авионот кажале дека се слушнал гласен и продорен звук по што дошло до пореметување на внатрешниот притисок. Пилотот веднаш се обидел да ја намали висината за да се обиде да го намали притисокот и според  протоколот за  вакви ситуации да го слета авинот на најблискиот аеродром.

Лирџетот досега неколкупати имал технички проблеми. Пред седум години откажаа сензорите во авионот поради прекин на жица со која биле поврзани 18 системи на леталото.

Потоа неколку пати откажала електрониката. Еднаш и моторите на авиониот не стартуваа заради што не полета за Сочи на отворање на олимпијадата. Тогаш во авионот беше претседателот Ѓорге Иванов со сопругата.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ПОВРЕДЕНА ЖЕНА ВО ШТИП ПРИ ЕКСПЛОЗИЈА ОД ПЛИНСКА БОЦА

Вчера во 11.43 часот во СВР Штип е пријавено...

КАЛАС: ВАЖНО Е МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ

Северна Македонија беше првата во регионот што потпиша партнерство...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ