ГРУЈО САРДИСАН ОД СИТЕ СТРАНИ – ОБСЕ СО ТЕШКА АРТИЛЕРИЈА: Имаме докази за притисок врз вработените во јавниот сектор да учествуваат на контра-демонстрациите, вклучително и закани за прекин на вработувањето

0
3389

Политичката атмосфера во земјата останува тензична, додека опозицијата и некои граѓански организации бараат одложување на изборите и повикуваат на поголема вклученост на меѓународната заедница во решавањето на кризата, на контра-демонстрации се повикува на одржување на изборите на 5-ти јуни, се наведува во извештајот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија, вториот на оваа организација за следењето на предвремените парламентарни избори.

Во извештајот се нотира дека се добиени „кредибилни наводи“ за притисок врз вработените во јавниот сектор да учествуваат на контра-демонстрациите, вклучително и закани за прекин на вработувањето, меѓутоа за тоа не биле поднесени официјални приговори. Неколку соговорници на ОБСЕ/ОДИХР, ваквите закани ѝ ги припишале на културата на страв од одмазда која постои во државните претпријатија и институции.

Во извештајот се наведува и дека „Државната изборна комисија (ДИК) продолжува да работи во многу тензична политичка атмосфера. Од 15 април, двата члена номинирани од СДСМ не учествуваат на седниците на ДИК. И покрај законската обврска да се состануваат јавно, ДИК одржа две затворени седници, и одлуките не се систематски објавувани на нејзината интернет-страница. Многу подрачни канцеларии на ДИК изразија незадоволство во врска со недостигот на средства и недоволната поддршка од централата.

На 28 април, ДИК назначи нови членови во Општинските изборни комисии (ОИК), водејќи сметка за минималната застапеност на полот и етничките малцинства, пропишана со закон. Од четирите поголеми парламентарни партии, се чини дека само владејачката партија номинираше свои членови во избирачките одбори (ИО). Со оглед дека одреден број на ОИК сé уште не се оперативни, назначувањето на членови во ИО е со задоцнување од неколку дена.

Наводните нерегуларности во избирачкиот список, како фиктивните гласачи и други нечесни практики, се користат како еден од главните аргументи за одложување на изборите. Извештајот за напредокот на ДИК од 26 април за ажурирањето на избирачкиот список досега не откри докази за лажна регистрација на гласачи“, стои во извештајот на ОБСЕ.

Наводните нерегуларности во избирачкиот список, како фиктивните гласачи и други нечесни практики, се користат како еден од главните аргументи за одложување на изборите. Извештајот за напредокот на ДИК од 26 април за ажурирањето на избирачкиот список досега не откри докази за лажна регистрација на гласачи.

На околу 1,8 милиони гласачи им беше овозможено да ги проверат само своите податоци по електронски пат, но не и податоците на останатите граѓани, согласно пропишаното со закон ДИК не ги објави избирачките списоци на интернет, поради одлука на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Управниот суд сé уште нема донесено одлука по тужбата на ДИК.

„Првиот извештај од мониторингот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заклучи дека досега приватните радиодифузери Алфа, Канал 5, Канал 5+, Сител и Нова не известувале објективно, правично и непристрасно. Извештајот дополнително заклучи дека првите четири горенаведени медиуми ја координирале нивната уредничка политика.

Првичните податоци на НМИ на ОБСЕ/ОДИХР од мониторингот на медиумите покажуваат дека јавниот сервис МРТ-1 досега известуваше ограничено за политичките настани. Јавниот сервис МРТ-2 и Алсат-М повеќе известуваа за албанските партии. Додека приватните Сител, Канал 5 и Алфа покажуваат пристрасност кон ВМРО-ДПМНЕ и се против СДСМ, приватните Телма и 24 Вести се побалансирани“, се вели во извештајот на ОБСЕ, јави Макфакс