Грујо нарачува Радио Гостивар да го работи УМС на ДПМНЕ

0
405

Лидерот на СДСМ објави разговор за кој поосочи дека се помеѓу Миле Јанакиески со Никола Груевски кои зборуваат за Радио Гостивар и како да го земе партијата.

gruevskiiii pre

Таму главен доверител беше УЈП, и со оглед дека вработените побаруваат, сега да му речам да покренат стечајна постапка. Не е профитабилно. Не е за профит, да го земе некој да работи.Зошто не отиде во стечај?

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

МЈ: Ало?
Секретарка: Да те чуе Премиерот.
НГ: Ало?
МЈ: Молам?
НГ: Миле?
МЈ: Да, да, Ве слушам.
НГ: А бе Радио Гостивар….
МЈ: Добро.
НГ: Ти се јавил еднаш Мане, да го земе некој наш, да видиме.
МЈ: А бе Претседателе, зборувавме и на Влада. Значи таму требаше стечај да покрени Горан Трајковски на Влада еднашка…
НГ: Чекај да те уклуачм, да слуша и Мане, да не прераскажувам, ајде, кажи сега.
МЈ: Значи таму главен доверител беше Управа за јавни приходи…
НГ: Добро.
МЈ: И бидејќи вработените во РТ Гостивар и тие побаруваат од Радио Гостивар не може да покренат стечај, зошто веќе треба да се плати, и Вие еднаш му рековте на Горан Трајковски, сега треба да проверам до каде е, да покрени стечај. И во стечајна постапка или да се купи или да се поништи или да се ликвидира, па да го отворат ново. Значи во стечај мора да оди таа фирма. На луѓето му е најбитно да си ги земат парите.
НГ: А да се даде на Унија на млади, нешто, на некој човек да го работи?
МЈ: Ама многу долгови има таму. Ако сака некој нека го земе, ама тоа не е профитабилно. Постои сега радиото, таму има еден вработен само…
НГ: Ама не е за профит. Работава е да го работи.
МЈ: Нека го работи Претседателе, ама има само еден вработен таму, сега. И нема ни опрема, ни ништо. Значи, на времето ставиле некоја антена, ама има многу долгови. Значи има кон Управа за јавни приходи, има плати, има здравствено, има ПИОМ. Ако имаме некој човек што може да го работи, нека го работи сега. Ама, Мане тогаш бараше да оди во стечај.
НГ: Е зашто не отиде во стечај сега?
МЈ: Па не знам Горан што направил, да видам, Горан што направил.
НГ: Е па ај види, па јави се.
МЈ: Важи.
НГ: Да го разбуричкаме ова и да го убрзаме.
МЈ: Ќе Ви пишам одма.
НГ: Или пиши, или јави ми се одма, тука сме ние во канцеларија.
МЈ: Ајде.