Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери во еден ден потпишал 154 вработувања на млади референти во секторот со кој тој раководи, а вработувањата се со одлука на Влада од 20 овој месец, објави Актуел.
Во огласот за вработување се барало од кандидатите да имаат вишо или пак средно образование. Повеќето од вработените ќе имаат статус на државен службеник. Меѓу примените има и работно место самостоен референт за стратегија, планирање и следење на работите во Секретеријатот за спроведување на Рамковниот договор.