Грујо му ја зеде славата на Ѓоле со Буш, овој токмакот криел за да се слика Груевски

0
409

CDE389C898E12D45A2FBF24BA701B3A7

Премиерот Никола Груевски го одликуваше со орден поранешниот американски претседател Џорџ Буш, место претседателот Ѓорге Иванов. Иако е практика Претседателот да врачува државни одликувања и признанија, овој пат тоа го стори премиерот, пишува Вест.

Тој во саботата ја искористи гала-вечерата која ја приреди организацијата „Македонија 2025″ во Колумбус, САД, и му го даде орденот на Буш.

Церемонијата беше во саботата, а Иванов за одликувањето соопшти денеска, иако уште на 21. овој месец донел указ за доделување орден на Република Македонија.
Пред него за орденот соопшти премиерот. На официјалната веб страница на Владата, во саботата, со информацијата за настанот беа објавени и фотографии од Груевски и од Буш.

Согласно Законот за одликувања и признанија, Претседателот на Македонија доделува одликувања и признание по своја иницијатива или по иницијатива на Собранието, Владата, државни органи и на организации.

Целиот текст ОВДЕ