Грујо и кум Ставре немаат усул, ќе ја задолжат Македонија и идните поколенија за нови 230 милиони евра во странство?!

0
1204

Државата има потреба од еврообврзница и најверојатно Владата ќе се задолжи во странство, потврди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Груевски, одби да обелодени за колкав износ ќе се задолжиме во странство, но потенцираше тоа е неопходно бидејќи на почетокот на годината поради ветото од Кире Наумов се задолживме помалку од планираното, пренесе Алсат-М.

Ако се има во предвид дека тогаш наместо планираните 500 милиони евра, се задолживме со 270 милиони евра, многу е веројатно дека сега Владата ќе ги земе и преостанатите 230 милиони евра кои беа и беа првично превидени.

„Не сум информиран во детали, но од она што го помнам од минатата година, кога СДСМ стави некаков вид на блокада на издавањето на еврообврзницата, тие, таа деблокада ја условија со тоа што обврзницата да биде издаена самно за шест месеци, наместо за една година како што претходно беше планирано и како што е вообичаена пракса во секоја држава. Така што претпоставувам дека ќе има потреба од такво нешто и дека Министерството за финансии и Владата ќе пристапат кон тоа бидејќи тоа е нормален начин за финансирање на дефицитот во една држава, изјави Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Засега, ниту една институција не одговара официјално, кога и во колкав износ ќе се издаде новата еврообврзница.