ГРУЈО И БАТЕ САШЕ СО НОВА БЛОКАДА НА ЈАНЕВА, ФИНАНСОВАТА ПОЛИЦИЈА НЕ Ѝ ДАВА ИСТРАЖИТЕЛ

0
1190

Управата за финансиска полиција не му доделува уште еден истражител на Специјалното јавно обвинителство, кое го побарало уште пред неколку недели, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК . Веднаш штом директорот на Управата Александар Тргачевски му одговорил на Специјалното обвинителство дека нема услови таму да биде распореден уште еден финансов истражител, тој распоредил 12 истражители од Финансовата полиција во Основното јавно обвинителство Скопје.

Во Скопското обвинителство се распоредени најголемиот број од истражителите од Финансовата полиција, дури 70. Само за Специјалното обвинителство нема дополнителен истражител.

Неофицијално, пак, ако до утре не добие одговор за дополнителниот истражител, или ако одговорот биде негативен, со оглед на тоа дека околу 70 истражители од Финансовата масовно се определени кај обвинителите во Скопското обвинителство, специјалната обвинителка Катица Јанева била подготвена да покрене дисциплинска постапка против директорот на Управата Тргачевски.