Откако повеќе македонски медиуми ги објавија чудните разлики во сумите за автопатиштата Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип што ги објавува кинеската компанија која ги гради истите „Синохидро“ на својот веб-сајт и македонската Влада, во моментов целосно е недостапен веб-сајтот на компанијата.
Дека сајтот е недостапен за корисниците од целиот свет а не само за тие од Македонија докажува и сервисот кој ја проверува достапноста на веб-страните Down For Everyone Or Just Me. Тоа може да се види од приложениот „принт-скрин“.
Вчера Заев објави снимки од кои се слуша дека за тендерите за двата автопати се договара провизија од 5% на целата сума, која, како што обвинува опозицијата, ја зел премиерот Груевски.
Ве потсетуваме на објавените снимки.