ГРУЈО Е УЦВИКАН ОД СОПСТВЕНИТЕ СОПАРТИЈЦИ ПА ЌЕ ГО ГЛАСААТ ПОЛА ДЕЛЕГАТИ КОИ НЕ СЕ ЧЛЕНОВИ НА ВМРО-ДПМНЕ: Груевски сам со себе ќе се трка за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

0
452

Nikola-Gruevski

Само актуелниот претседател на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски поднел кандидатура за лидерската позиција во партијата за претстојниот Конгрес кој ќе се одржи утре и задутре во Куманово.

До партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ до рокот кој истече денеска во 15 часот, е доставена само кандидатурата на Груевски.

Зад кандидатурата на Груевски, како што се соопштува, застанале голем број делегати, основачи на партијата, претседатели на месни и општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ, видни интелектуалци, како и делегати кои краток период биле надвор од партијата, а сега повторно се вратиле голем број делегати, како и основачи на партијата.