Saturday, March 22, 2025
12.8 C
Skopje

ГРУЈО ГО КАНДИСУВААТ КАКО МЛАДА ФИДАНКА ПРЕД МРТВ, СЕГА И ОРАВ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО НАПОРОТ ДА ГО НАТЕГНАТ ПАСТИРОТ ЗА ПОСЕБЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ!

Иако рокот за избор на специјален јавен обвинител истекува задутре, партиите се уште не постигнале договор. Работната средба, што траеше до доцна во ноќта, денеска продолжи. На преговарачкиот тим му се придружи и евро-амбасадорот Аиво Орав, кој во Клубот на пратениците наизменично разговараше со претставниците на сите партии. Пред малку, маратонските разговори беа прекинати за да се даде време за дополнителни консултации. Сите го почитуваат договорот за молчење се до постигнувањето целосна усогласеност за измените на законот за обвинителство, пренесува Телма.

78548943932

Извори блиски до преговарачите велат дека е постигнат извесен напредок со тоа што е договорено обвинителот да има тим од помошници, кои ќе можат паралелно да водат повеќе истраги и да ги застапуваат предметите од аферата Прислушување во судот. Нивниот број ќе го определи избраниот специјален обвинител, како што предложи европскиот експерт Питер Ванхауте, кој раководи со работната група. Сепак, целосниот текст на договорот не е утврден. Сите потпрашања се отворени: автономијата на специјалниот обвинител, стручниот тим, финансиската независност, па и обемот на неговите обврски. Истовремено, се разговара и за кадровското решение. Секоја партија доставила по неколку предлог имиња од експертската, професорската и обвинителската фела.

Сите се надеваат дека до крајот на денот ќе има договор и дека тој ќе биде врамен во предлог закон. Доколку преговорите завршат успешно, предлог-законот утре би требало да се најде пред пратениците, кои во вторник би можеле да гласаат и за самиот обвинител. Доколку рокот се пробие, треба да се очекува поголем притисок од меѓународната заедница. Не се отфрла можноста решението да го почека евро-комесарот Јоханес Хан кој на 18-ти во секој случај доаѓа во Скопје.

ОВАА НЕДЕЛА

ШЕКЕРИНСКА: ВО ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ОДБРАНА ЕУ ДА ВКЛУЧИ И СОЈУЗНИЦИ КОИ НЕ СЕ НЕЈЗИНИ ЧЛЕНКИ

Европската унија во своите одбранбени иницијативи треба да вклучи...

ТОШКОВСКИ: ЦЕЛОСНА МОБИЛИЗАЦИЈА НА ИНСТИТУЦИИТЕ, МВР РАБОТИ СО СИТЕ СВОИ КАПАЦИТЕТИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во денешната изјава...

НАЈАВЕНИ ПРОТЕСТИ: „ДА ОДГОВАРААТ СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ КОИ ЈА КОЧЕЛЕ ПРАВДАТА“

Денеска пред Судот во Тетово беше оставен противпожарен апарат...

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА СМРТТА НА ВЕДАТ: ОБДУКЦИЈАТА ТРЕБА ДА ЈА УТВРДИ ЛЕКАРСКАТА ГРЕШКА

Кумановското обвинителство отвори предистражна постапка за случајот со смртта...

КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОСТАНУВА ОТВОРЕНА ЗА ПРИЕМ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ПАЦИЕНТИ

Длабоко сочувствуваме со семејствата на жртвите и им посакуваме...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ