Wednesday, July 9, 2025
22.8 C
Skopje

Грујо баш го заболе ашимот што вика Брисел, сега подготвува и забрана за Ал Џезира во Македонија!

Телевизијата Ал Џезира, заради нејзиниот став целосно да известува за опозициските бомби, да анализира, и покрај нејзината скопска редакција, да прати и други новинари да прават емисии и документарци за Македонија, по се изгледа ја нервира власта на премиерот Груевски.

1390312234_balkanlar-2

Во оцрнување на оваа телевизија се впрегнаа сите провладини медиуми, не штедат квалификации да ја оцрнат, па таа за нив е џихадистичка и терористичка. Нападите се засилија по „Македонската ноќ“ на телевизијата, кога најпрво се емитуваше интервју со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а потоа и документарецот „Луѓе и моќ“.

Најверојатно и нашата власт по примерот на Кина подготвува терен оваа телевизија да биде недостапна за македонските граѓани освен на интернет.

Телевизијата, чие регионално седиште е во Сараево, а ја води добропознатиот новинар Горан Милиќ (од времето на популарната Јутел) на нападите и навредите засега не реагира и продолжува да ја следи состојбата во Македонија исто како и пред нив.

Во оцрнувањето на Ал Џезира предничи државната МТВ, што е потврда дека нападите се организирани директно од Илинденска број 2 односно од премиерскиот кабинет.

ОВАА НЕДЕЛА

ТОШКОВСКИ: СИМПТОМАТИЧНО Е КАКО СЕ НЕУТРАЛИЗИРА ЕДЕН, А ВЕДНАШ ЗАПОЧНУВА ВТОР ПОЖАР

Тошковски информираше дека денеска бил активиран и механизмот на...

КУЗЕСКА: ГОРИ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА, ВЛАДАТА НЕМА КОНТРОЛА ВРЗ ПОЖАРИТЕ

Изјава за медиуми, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Состојбата со...

ДОМ: ТОМАС ВАЈЦ ЈА ПРЕНЕСЕ ВИСТИНСКАТА СЛИКА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) упатува јавна благодарност до...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ