ГРУЕВЦИ ЌЕ СЕ БОРАТ ДО СМРТ ЗА ПАРТИСКАТА КАСА – Пандов му најави контрапротест на Јанчев: Ќе го повикам членството во исто време и исто место

0
2030

Александар Пандов, претседателот на новоформираниот Патриотски институт, му се закани на градоначалникот на Кавадарци и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, дека на најавениот протест во понеделник ќе донесе партиски членови во исто време и во исто место за време на протестот пред партиското седиште во Скопје.

„Мите Лимунада ги повикал вработените во неговата Кожувчанка во понеделник на протест пред штабот на ВМРО, Христо Татарчев. Штета Мите, пред два дена бев во штабот на ОК Кавадрарци, знаеш и сам колку многу луѓе имаше, требаше да дојдеш да ги споделиш со нас твоите визии и цели околу ВМРО и Македонија. Така носи редот, од дома се почнува Мите!

Што е тука е, па еве јас ќе ја искористам таа прилика на твое доаѓање во Скопје и ќе го повикам членството на ВМРО ДПМНЕ да дојде во исто време и на исто место, па ние да ти го кажеме нашето мислење за тебе! Можеш и Вице да ни го донесеш. Ќе ве личи. А башка и на него имаме што да му кажеме. Таман вие после повторно заедно ќе си прославите. Ти текнува? Исто ко кога стана потпретседател на ВМРО ДПМНЕ“, напиша Пандов на Фејсбук.

Јанчев како претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ закажа протест против лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски.

„Почитувани, Митко Јанчев, претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, повикува на мирен протест на 02.11.2020 година ( понеделник ) во 19 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ( Белата палата).

Протестот е со една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицковски“, објави поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на својот профил на Фејсбук.

Инаку Ѓорѓија Сајкоски, новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, претходно како гостин во телевизија Алфа рече дека партијата нема да свикува вонреден конгрес. Јанчев подолго време бара промени во раководењето на ВМРО-ДПМНЕ и е дел од движењето кое протестира против Мицкоски.

Пандов дополнително му понуди на Јанчев телевизиска дебата пред најавениот протест.

„Или Мите можеби најдобро е да излеземе двајцата на дебата на било која телевизија и да поразговараме за ВМРО и Република Македонија? Одважи се, биди маж, та нели лидер на ВМРО сакаш да бидеш!“, додава Пандов во својопт статус на Фејсбук.