Груевски прифатил и промена на идентитетот-граѓани на Горна Македонија

0
689

Лидерот на СДСМ Зоран Заев објави снимка за која рече дека е помеѓу Никола Груевски и Силвана Бонева, а каде според него Груевски на Бонева и признава дека се разговара за промена на идентитетот.

boneva-gruevski

Во еден од проблемите како референца за идентитетот се наведува “граѓани на Горна Македонија“. Тој и Сашо Мијалков прифатиле грчки предлог за ова. Никола Груевски и го признава тоа на Силвана Бонева, рече Заев.

4. Разговор помеѓу Силвана Бонева и Никола Груевски

НГ: Плус знаат дека сега не е до нас. Дека ние последно вака во разговорите со овие јужните соседи,
СБ: Да.
НГ: Беше крајот на јули, почеток на август, кога нивниот претставник даде еден предлог, за тој дел што уште не е решен, пошто добар дел од прашањата ги имаме решено,
СБ: Мхм.
НГ: Има уште едно прашање, он даде предлог, кое што е нешто као компромисен, го мислевме неколку дена и го прифативме. И он вика е сега, сега треба ја моиве да ги убедам
СБ: Мхм.
НГ: Јас вас ве прашав да видам дали го прифаќате, ако го прифаќате да ги убедувам моите. Е ај убеди ги и од тогаш не се јавува.
СБ: Аха. Они тоа си го знаат…
НГ: Се јави само еднаш да каже дека сеуште нема што да ми соопшти, ни да, ни не.
СБ: Мхм.
НГ: Два ипол месеци никаков одговор не дава, се вадат на светската криза. Фуле го знае тоа, го знае Рикер, го знаат тие шо треба да го знаат.
СБ: И пак врз нас…
НГ: И покрај тоа, и покрај тоа што знаат дека 2 ипол месеци чекаме одговор, они удараат на нас за да ни вршат доп…не можат на атот, па на самарот, тоа е целата работа.
СБ: Јас мислам оти…
НГ: Ја му викам на Фуле коа беше, викам еве ние прифативме, еве нека го прифатат они тоа што нивниот претставник го предложи и сме ја завршиле работата одиме на референдум. Да ама предолго трае молкот. Па не сум ја крив што предлого трае молкот, не молчам ја они молчат, ха, ха, ха, ха….
СБ: Да де, они молчат.
НГ: Аха, ама што ако речат не? Епа ако речат не викам ќе размислуваме понатаму нешто друго. „Многу сум загрижен“, и ја сум многу загрижен ха, ха, ха, ха, ха.