Груевски и СЈО

0
631

Лидерот на ДПМНЕ во заминување продолжува и понатаму да глуми патриот, чесен, совесен и одговорен функционер, а притоа со помош на контролираните медиуми постојано игра на картата ,,секое чудо за три денa” и на практикување на усовршеното макевијалистичко однесување. Откако се најде засегнат со најновата истрага на СЈО под работното име ,,ТНТ” ги заборави поранешните тврдења за сечени, лепени креирани и монтирани материјали и почна со нова трагикомична беседа во која таргет е СЈО.

Вистинскиот патриот и чесен човек не коментира, туку ќе настојува својата невиност да ја докаже пред судските органи во постапка која ке биде отворена за јавноста. Повеќе е од некоректно да се коментира дека СЈО е инструмент за полички прогон на луѓе припадници на политичките партии!. Да се разбереме.

• СЈО не смее и сите ние нема да дозволиме да биде инструмент за политички прогон на луѓето припадници на политички партии, а најмалку на чесни членови на ВМРО ДПМНЕ.

• СЈО е инструмент за подеднакво гонење на СИТЕ криминалци кои сториле зло на граѓаните на оваа држава, а кои се опфатени со прислушуваните и снимени разговори. Значи и оние од ДПМНЕ, и оние од СДСМ, и оние од ДУИ и ДПА и сите оние од останатите политички партии кои дебело профитирале на грбот на сиромашниот македонски граѓанин.

• СЈО е инструмент со кој треба на виделина да излезе ВИСТИНАТА за лажните патриоти (и македонци и албанци и останати припадници на етнички заедници, кои беа или сѐ на високи или пониски државни позиции) кои цело време глумеа чесни луѓе, а притоа си ги полнеа со народни пари сопствените џепови, ги полнеа нивните сметки по разноразни банки во државите низ светот.

• СЈО е инструмент кој конечно треба да воспостави РЕД во овој невиден хаос.

• СЈО е инструмент кој треба да ја донесе толку очекуваната ПРАВДА во нашата држава. Никола, кај граѓаните не поминува повеќе оваа евтина ГЛУМА и криењето зад колективната одговорност. ВРЕМЕ е за индивидуална (кривична, материјална, политичка и морална) одговорност.

Јове Кекеновски фејсбук статус