ГРУЕВСКИ И МИЈАЛКОВ ПУШТИЈА НА ИНТЕРНЕТ НОВО ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ НА ГРУЕВСКИ СО ЗАЕВ ВО КАБИНЕТОТ НА ГРУЕВСКИ!

0
737

Соочени со бесот на јавноста, Груевски и Мијалков толку се очајни што веќе јавно прогласија дека во оваа земја нема ни закон ни устав, туку дека државата е во целосен распад! Во оваа земја овие денови нема обвинители, судии, полиција, туку има само кралско семејство со двајца фараони кои одлучуваат што ќе се снима каде ќе се снима што ќе се објавува од тоа во јавност, просто земјата е целосно КИДНАПИРАНА!

Најнова епизода од оваа хорор серија се новите снимки од кабиетот на Груевски кои се појавија во јавност:

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=B3Kni6CGroU[/youtube]

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=jJnFD5dVTTQ[/youtube]

Замислете, режимот веќе не ни негира дека ги краделе изборите, туку дека краделе чисто за секој случај, ама биле сигурни дека ќе тепале. Што е смешно, затоа што крадење на избори е крадење на избори, без разлика што велеле анкетите.

Ова е толку смешно што дури е тешко и да се анализира. Ова е како да е некој фатен како ограбува банка и на суд да тврди, абе види судија, ја сум богат човек, и да сум крадел и да не сум крадел, и онака сум си богат, пуштете ме дома не ме праќајте у затвор!

На снимките од бомбите на Заев се гледа како ДПМНЕ ја поклопило цела држава и не за џабе на анктетите ДПМНЕ водело пред СДСМ. Медиумите биле претворени во куртон вести, купено било се, опозицијата била сотрена, автобусите биле пратени на технички преглед, лидерите на опозицијата биле легнати со пиштол во уста, критичките медиуми биле средени по САШОВ МЕТОД, судството и обвинителството биле договорени и освоени, бизнисмените биле кренати во воздух со динамит ако се осмелеле да помагаат опозиција а собранието било претворено во прчварница.

На Грујо и Мијалков се им е џабе, од ден на ден тонат се подлабоко. Секој ден прават по 10 грешки со кои дополнително тонат на секое поле, и очигледно е дека овие двајцата се решени со своето заминување со себе да го земат цело ВМРО ДПМНЕ и да го уништат до корен.  Прашањето е сега дали има доволно потенцијал и сила внатре во ДПМНЕ да се справат со оваа банда која им ја киднапирала партијата а и Македонија!

СДСМ е веќе на власт за месец до два, прашањето е сега дали ќе се спаси ВМРО ДПМНЕ или ќе исчезне од политичката сцена со се Груевски, Мијалков, Ставревски и Гоца!