Груевски и Заев преговарале до речиси 4 по полноќ

0
1096

Разговорите меѓу ВМРО-ДПНЕ и СДСМ во Стразбур траеле над десет часови

gruevski-zaev

Разговорите кои се водеа во Стразбур меѓу делегацијата на ВМРO-ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата и премиер Никола Груевски со делегацијата на СДСМ предводена од Зоран Заев, прекинаа во раните утрински часови, околу 3 часот и 30 минути, и секоја од делегациите го напушти Европскиот парламент од различни излези.

Околу содржината на разговорите кои се водеа меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со посредништво од страна на европратениците Иво Вајгл, Едуар Кукан, Ричар Ховит и европскиот комесар за соседска политика Јоханес Хан не произлезе ништо во јавноста.

Со соопштение ќе излезат утринава, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Известувачот за Македонија при ЕП, Иво Вајгл на излегувањето од зградата после десетчасовните разговори, пред исклучена камера и микрофон искоментирал дека средбата не била залудна и вредело нејзиното одржување .

Во делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, покрај Груевски се и наоѓаа покрај Мартин Протоѓер, Никола Тодоров, Никола Попоски, Сашо Мијалков и Влатко Ѓорчев.

Во делагацијата на СДСМ се наоѓаа претседателот Зоран Заев, Рената Дескоска и Роберт Поповски.