Груевски е преплашен како никогаш до сега!

0
600

Груевски ништо не разбира од пораките на меѓународната заедница. Откако објави дека нема да има избори, тргна во партиска изборна кампања со злоупотреба на сите државни средства кои му стојат на располагање како премиер.Тој не разбира што значи барањето за одвојување на партијата од државата.

Gorgi_spasov_02

Тој не разбира што значи почитување на незвисноста на судството и на презумпцијата на невиност. Како Милошевиќ што се закануваше дека ќе го уапси Азем Власи, и тој за време на судски процес.
Изјавува од Битола: „Заев е марионетка на агентурата на Верушевски и странски служби“.
Не престанува да обвинува и да порачува пресуди.

Тој не престанува и како Амди Бајрам да дели брашно за да добие изборна подршка.Ги потсетува земјоделците дека 5до 6 илјади семјства во Битола Новаци и Могила добивале во просек околу 10 милиони евра секоја година од субвенции, им ветува на сите дека владата целосно ќе им ја надомести претрпената штета од поплавите и заборава да каже дека тоа се наши пари од буџетот или позајмени од странски банки а не на ВМРО ДПМНЕ или негови лични кои тој ги дели како милостиња.

Но, Груевски е преплашен како никогаш до сега.Тој одново се заканува со казната од народот, тврди дека може да го победи десет пати посилниот непријател, зборува за некаква иднина во која нема да има место за Заев и неговите следбеници, и пребледен вика на сет глас: Ова е нашето вистинско лице а не она кое Заев сака да го прикаже преку креираните разговори. Вика и вика. Ама како во тоа да не верува.А свесен е и дека веќе никој не му верува. Неговото лице станува се погрдо со секоја нова бомба на Заев.

Фејсбук статус на професор Ѓорги Спасов