Груби : Давкова да не се надева на гласовите на Река

0
752

Ниту еден од тие гласови на Блерим Река нема да одат кај концепт кој не е за Европска иднина и за европска Македонија, рече Артан Груби, од ДУИ, синоќа на една од телевизиските дебати.

„Иако Гордана Силјановска Давкова си ги инкасираше кај себе, сепак сметам дека ниту еден од овие над 76 илјади гласови нема да е за неевропска Макеоднија и тоа го гарантирам, рече Груби на телевизија Сител

Инаку Силјановска Давкова претходно на прес конференцијата рече дека заедно со гласовите на Река опозицијата има огромна разлика.

Претседателот на СДСМ пак, Зоран Заев, пак обраќајки им се на гласачите на Река рече дека очекува тие во вториот круг на постапат одговорно.