Thursday, December 12, 2024
5.8 C
Skopje

ГРКОВСКА НА ГЛОБАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА САЈБЕР КАПАЦИТЕТИ : ВКЛУЧУВАЊЕТО НА ПОВЕЌЕ ЖЕНИ ВО САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТА ГО ПОДОБРУВА ПРИСТАПОТ ВО ПРАВУВАЊЕ СО СЛОЖЕНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ

„Жените претставуваат половина од корисниците на технологија, но сочинуваат само 25 проценти од глобалната работна сила за сајбер безбедност. Овој диспаритет не е само прашање на еднаквост, туку и прашање на ограничени размислувања и пристапи. Со оглед на тоа што заканите за сајбер безбедноста стануваат посложени, тимовите треба да вклучуваат различни перспективи за предвидување и ублажување на предизвиците“, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на панел диксусијата „Хакирање на родовиот јаз“, која синоќа се одржа во рамки на Глобалната конференција за градење сајбер капацитети во Акра, Гана.

Грковска нагласи дека со успешни сеопфатни политики за искоренување на дискриминацијата на жените во општеството, постепено се подобрува нивната застапеност во сите сфери на работа и одлучување, вклучително и во сајбер-професиите. Таа се осврна на законските и институционалните промени во Северна Македониија, кои се преземаат во насока на унапредување на родовата еднаквост и вклучување на родово одговорни политики за планирање и буџетирање.

Истакнувајќи дека недоволната застапеност на жените ги зацврстува стереотипите и може да ги обесхрабри жените кои сакаат да градат професионална кариера во сајбер безбедноста, вицепремиерката Грковска на панелот се осврна на конкретните владини мерки за активно вработување, специфично дизајнирани за вклучување на пазарот на труд на жени и припадници на ранливите групи во општеството, во кои спаѓаат и обуки за напредни ИТ вештини.

Во однос на сајбер безбедноста, Грковска истакна дека „Северна Македонија спроведува програма поддржана од УСАИД за дизајнирање сајбер-патеки за млади девојки и жени, заради поразновиден развој на сајбер работната сила во земјата. Оваа специфична програма вклучува менторство, соработка со образовниот сектор и академијата, со цел да се поттикне родово сензитивен пристап кон развојот на наставните планови и да се поддржи наставниот кадар со ресурси и знаење за сајбер безбедноста“, истакна вицепремиерката Грковска.

ОВАА НЕДЕЛА

АРТАН ГРУБИ : СЕ ПОВЛЕКУВАМ ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ, ЧИСТ СУМ КАКО СОЛЗА

Лична одлука во служба на општото добро вели Артан...

СТРАТЕШКИ РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И ЛАЈЧАК

Остварив средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ...

АХМЕТИ НЕ ГО ДАВА ГРУБИ

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети не ја оспорува...

ТОШКОВСКИ : ЧЕТИРИ СТОЛБОВИ ЗА РЕФОРМА И КРЕИРАЊЕ НА СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ВО МВР

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи...

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МВР ПЕТРУШЕВСКИ НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КРАЛСТВОТО КАМБОЏА

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ