ГРАЃАНСКОТО ДВИЖЕЊЕ ОД ПРИЛЕП ,,ЧЕ ВРЕДИ” НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ НЕМА ДА ПРАВИ ПРЕДИЗБОРНА НИТИ ПОСЛЕ ИЗБОРНА КОАЛИЦИЈА СО НИЕДНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА

0
193

СООПШТЕНИЕ

Во интерес на конкретно информирање на јавноста за шпекулациите околу постизборно коалицирање на независната советничка група или кандидатот за градоначалник со политичките партии кои ќе го сочинуваат идниот состав на Советот на Општина Прилеп, ги информираме сите наши поддржувачи и следбеници дека граѓанската иницијативата “ЧЕ ВРЕДИ” никогаш и по никоја цена нема да си дозволи да биде само уште еден привезок повеќе на било која политичка партија т.е дека нема да коалицира со ниту еден политички субјект кој учествува во работата на советот.

Предизборните и постизборни коалиции на помалите субјекти во процесот на планирање и реализација на локалните политики не е ништо друго освен политички пазар и не значи ништо друго освен изневерување на довербата на граѓаните.

Со почит,

Граѓанска иницијатива “ЧЕ ВРЕДИ”