АКТИВИСТИ ЗА ПРАВА НА ЖИВОТНИТЕ СО ОБВИНУВАЊЕ КОН Ј.П. “ЛАЈКА” : ПЕШЕВА И ВОЈЧЕ ГО УНИШТИВААТ ПРЕТПРИЈАТИЕТО, ПОСТОЈАТ МНОГУ НЕРЕГУЛАРНОСТИ А ПОТОА СЕ ПОЈАВУВА И СМРТОНОСНИОТ ВИРУС ,,ШТЕНЕЧАК” КАДЕ ГОЛЕМ ДЕЛ ОД КУЧИЊАТА УМИРААТ ОД НЕГО, А ПЕШЕВА И ВОЈЧЕ НЕ ПРЕЗЕМААТ НИШТО ДА ГО СПРЕЧАТ!

0
1102

Претпријатието од кога постои се соочува со многу нерегуларности каде сите тројца досегашни менаџери имаат своја вина. Првобитно од когао се отвори се натоварија долгови кон добавувачи како и непопишани на име претпријатие котел, ехо, комбе за брза помош и останати задолжителни додатоци за отварање на ветеринарна клиника во склоп на Ј.П. “ЛАЈКА”.

Во “ЛАЈКА” исчезнаа документи од правниот дел каде никогаш не се отвори истрага ниту пак дојде ревизија. Со промена на локалната власт се именува нов директор кој буквално ништо не направи, туку го дотурка претпријатието во долгови без да поведе постапка кон градоначалниците од иста партија што не уплатуваа финансиски средства согласно потпишаниот договор за соработка.

Со самото тоа што во “ЛАЈКА” долговите се зголемија, платите доцнеа но од негова старна интерес да се подигне од мртва точка немаше. Се вработува партиски кадар, кадар кој нема поим што е тоа работа со животни, потоа се вработува ветеринар кој е без искуство чиј аматерски операции на кастрација и стерилизација на кучињата вродија со нивна смртност или инфекции.

И покрај апелите на дел од граѓаните сутиацијата таму воопшто не се менуваше, посебно во амбулантниот дел. Голем дел од активистите поддржаа и организираа многу настани каде се донираа парични средства, храна, ќебиња, средства за хигиена, па потоа се одеше до таму што се донираше и медицински материјал бидејќи се почесто “ЛАЈКА” немаше со што да работи во делот на основни средства за работа, се повеќе работи недостигаа отколку што имаше.

Директорот Воислав Димитровски се повеќе беше активен по медиумите но сепак реалната слика во “ЛАЈКА” никогаш не ја претстави. Истиот принцип на работа сеуште продолжува и со В.Д. Радмила Пешева, промена на функции но главниот збор го нема сеуште бившиот директор, сегашен раководител, кој воедно има свои интереси и во својата приватна дејност.

Потоа важно е да се напомене дека како база немаше и влез-излез на кучиња кои се враќаа полумртви на локации, се вдомуваа на било кого без да се знае дали вдомувачот е соодветен вдомумувач, без никаква комисија нити ревизија на домовите каде се вдомени тие кучиња.

Секако бројката е најважна и ништо друго, вработени има повеќе во администрација отколку во делот за нега на кучињата. Воедно во тек е оглас за вработување, нормално повторно во делот на администрација, а притоа претпријатието е сеуште во голема криза, а се вработува кадар кој што не е воопшто потребен туку е само товар на претпријатието и на неговиот буџет.

Се сокриваат кражби во самото претпријатие, а активистите молчеа затоа што директор беше од нив иако партиски назначен. Со раскинувањето на коалицијата помеѓу градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ истиот тој директор јавно поднесе оставка со сериозен копи пејст текст на својот фејсбук профил за магично да остане како раководител од ново именуваната В.Д. директорка Радмила Пешева.

Прашањето е дали Војче беше воопшто загрижен за ситуацијата, бидејќи доколку сакаше да помогне требаше истиот да волонтира за да помогне на самото претпријатие, а не само да ја земе функцијата во неговото раководење. Зар човек кој покажал резултати во својот мандат како директор, мислите дека ќе се покаже како раководител?!

В.Д. Радмила Пешева продолжува по патот на Воислав и истите насоки, но бидејќи е член на ,,Анима Мунди” и назначена од ,,Зелен хуман град” повторно штама, повторно се молчи за неа.

Ветеринарот што беше во “ЛАЈКА” за среќа сам се откажа, но затоа се вработува кадар во делот на администрација кој нетрпеливо чека кој ќе ја земе таа функција…

Наместо дефицитарен кадар во заловувачи, негуватели “ЛАЈКА” вработува советници и администрација. Се појавува смртоносен вирус за кучиња ,,ШТЕНЕЧАК”, за кое самото претпријатие не презема соодветни мерки и повторно се молчи. Болеста веќе зазема голем дел, голема смртност во самото претпријатие, па и пошироко. Се дони со стерилизации и кастрации, дури и воопшто ги нема, се забораваат кучиња во делот за карантин, со месеци се чуваат кучиња ветени во делот за вдомување подолго од пропишаното со закон

Знае ли некој која е причината?! “ЛАЈКА” се претвора или поточно веќе се претвори во приватен стационар, директорот од страна на ВМРО-ДПМНЕ се поставува за раководител и за тоа зема плата и покрај неговата објава дека си оди од “ЛАЈКА” и повторно за тоа се молчи, штама, штурци!

Луѓе донираат, фирми исто така да едно јавно претпријатие за хумани цели од две страни егзистира, а дел од донациите немаат ни трага ни глас. Ниедно јавно известување, кои граѓаните се должни да знаат, колку и какви донации се собрани, Прашањето е до кога ќе се молчи?! Се додека се работи за интерес на грбот на живите, се додека нема да се постави некој кој ќе покаже било каков видлив резултат, да се тргне од пробблемот со институциите, да се казнуваат оние кои несоодветно ги чуваат, а не да им враќаат на “сопственици” без било какво плаќање на надомест?!

До кога во едно такво благородно претпријатие ќе работат луѓе кои немаат поим од проблематиката со кучињата?! Свестете се луѓе, се додека постојат вакви кадри од раководители никогаш нема да се стави крај на оваа проблематика!