ГРАД СКОПЈЕ ЈА ОТВОРИ НОВАТА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА – СВЕЧЕНО ОТВОРЕН НОВ ДИНО ПАРК ,,КОГА ДИНОСАУРУСИТЕ ШЕТАЛЕ ПО ЗЕМЈАТА”

0
172
Новиот Дино парк лоциран веднаш до Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје е официјално отворен за посетители.

За сите оние кои сакаат да се впуштат во нови и возбудливи авантури, да дознаат нешто повеќе за неверојатниот свет на диносаурусите и имаат желба да видат како изгледале Тираносаурус, Стегосаурус и Алосаурус во природна големина, од утре ќе имаат прилика тоа да го искусат и доживеат.

Дино паркот се простира на површина од 2000 квадратни метри и има вкупно 41 диносаурус од креда и јура периодот, од кои дел се во природна големина со синхронизирани движења, проследени со звуци.

Фејсбук статус на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.