ГРАД СКОПЈЕ : ПО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АЛАРМАНТНА СОСТОЈБА ОД СТРАНА НА МИНИСТЕРСТВОТО, ГРАДОТ СКОПЈЕ ПРЕВЗЕМА МЕРКИ ВО РАМКИ НА СВОИТЕ НАДЛЕЖНОСТИ

0
566

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно Законот за квалитет на амбиентален воздух е одговорно за прогласување на алармантна состојба за квалитетот на воздухот по што се активираат и акционите планови за намалување на загаденоста на воздухот. Градот Скопје превзема мерки предвидени со акционите планови за справување со алармантна состојба од загадување на амбиенталниот воздух.

По известување за алармантна состојба од страна на Министерството, градот Скопје превзема мерки во рамки на своите надлежности: – зголемени вонредни инспекциски контроли на Б инсталации и инсталации елаборати кои се во надлежност на град Скопје, – зголемени вонредни инспекциски контроли на градилишта, – зачестено чистење на улиците и пешачките зони во надлежност на градот, – активирање на мерката бесплатен јавен превоз Овие активности се спроведуваат се до завршување на алармантната состојба за што известува Министерството за животна средина и просторно планирање.