ГРАД СКОПЈЕ: НАСКОРО СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ

0
126

Градот Скопје наскоро ќе објави повик за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети во 2020 година.

Новитет оваа година е што граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од 01.01.2020 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, и 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Согласно предвидените финансиски средства, Град Скопје оваа година ќе додели субвенции за околу 2800 велосипеди и околу 215 електрични тротинети.

Повикот ќе биде отворен до 30.11.2020 година или до реализирање на средствата, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден прв услужен“

Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени 10 милиони денари од кои 8,5 милиони денари ќе бидат наменети за велосипеди, а 1,5 милион денари за електрични тротинети.

Градот Скопје континуирано работи на промоцијата на употребата на алтернативни превозни средства, чија предност, за разлика од автомобилите, е намалување на метежот во сообраќајот и загадувањето на животната средината.

За 2018 и 2019 година, Град Скопје додели вкупно 7255 субвенции за граѓаните што купија велосипед и вкупно 313 субвенции за граѓаните што купија електричен тротинет.

Со почит,

Град Скопје