ГРАД СКОПЈЕ : ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА СЛАВЕЈКО АРСОВ

0
523

Град Скопје започна уште еден проект кој ќе придонесе за рамномерен развој и уредување на градските јавни површини. Денеска  увид во почетокот на градежните работи на реконструкција на краци на улицата „Славејко Арсов“ изврши градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска.  

Со овој проект ќе биде реконструиран коловозот со површина од 4700 квадратни метри, поставени рабници и нивелирани 38 шахти. Работите на терен ги изведува градското јавно претпријатие ЈП Улици и патишта.

Со почит, 

Град Скопје

Одделение за односи со јавноста